KIA подготвува кабриолет Pro Cee’d GT?

На салонот во Женева свое деби имаше спортскиот модел Kia Pro Cee’d GT. Ова беше третиот член на фамилијата Сee’d на Kia, по хечбек и караван верзијата на моделот.

Според инсајдерски информации Корејците подготвуваат и четврти член, кабрио-варијанта на Pro Cee’d.

Веќе подолг период, под раководство на германскиот топ-дизајнер Петер Шрејер, Kia доста храбро експериментира со дизајнот на моделите. Тој веќе понуди цела гама на остварувања со т.н. „тигарски нос” во предницата на моделите, кој се препознава и во дизајнот на идниот кабриолет. Во останатиот дел цртежот го повторува во многу детали основниот дизајн на Pro Cee’d.

973_kia-470

Ако кабриолетот се базира на Pro Cee’d, можеме да очекуваме и неговите мотори 1.6 литарски бензински и дизел со директно вбризгување на горивото. Поголеми се шансите, сепак, кабриолетот да биде развиен врз основа на Pro Cee’d GT, а тогаш погонот ќе биде повторно од 1.6 литарскиот мотор, но со турбополнење и моќност од 204 КЅ и максимален вртежен момент од 265 Nm, што ќе обезбеди забрзување од место до 100 km/h за 7,9 секунди.

Текстот е објавен во сорабтока со АвтоПлус

- Реклама -