Касами: Албанците со ВЛЕН во Владата имаат поголема тежина отколку со ДУИ

Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, гостувајќи во „Daily Click“ на ТВ21, изјави дека со учеството на ВЛЕН во Владата, Албанците се подобро претставени, бидејќи претставниците на ВЛЕН во Владата не се занимаваат со корупција, туку работат во интерес на граѓаните.

„Јас сметам дека позицијата на Албанците во Владата сега има поголема тежина, бидејќи пред сѐ се запре злоупотребата што ДУИ им ја правеше на Албанците, особено во последниот мандат, каде што тие позиции што ги имаа во Владата ги искористуваа за да се збогатат, за да ги заплашуваат Албанците, и ги користеа за да добијат уште еден мандат. Сега е важно оваа власт, каде што заеднички владеат ВЛЕН и ВМРО, да започне проекти во корист на граѓаните,“ рече Касами.

На прашањето како ги коментира изјавите на Европскиот Фронт и лидерот на ДУИ дека Албанците го губат легитимитетот во Владата, Касами рече дека тие се премногу збунети, додека Али Ахмети треба да ја прифати реалноста.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

„Јас би посакал г. Ахмети да ја разбере својата позиција.  ДУИ дефинитивно е во опозиција. ДУИ има потребна да биде во опозиција, за да се  реформира. Тој мора да се согласи дека во ДУИ потребно е да има нови сили, а верувам дека ДУИ има таков капацитет“, истакна меѓу другото првиот човек на Движењето БЕСА, Билал Касами.

Касами додаде дека ДУИ испаднала од Лигата на шампионите и сега треба да игра во локалната лига. Тој зборуваше и за уставните измени, за кои рече дека се сложени прашања, но потенцираше дека терминот “20 %” може да биде дел од тие измени.

Тој зборуваше и за неуспесите на Владата предводена од премиерот Талат Џафери и блокирањето на изградбата на градскиот стадион во Тетово.

Првиот човек на Движењето БЕСА рече дека ДУИ и Европскиот фронт ќе бидат во опозиција четири години, а граѓаните потоа на ВЛЕН пак ќе му дадат втор мандат.

- Реклама -