Камера што открива срцеви болести (видео)

КамераМинг-Зер По, постдипломец на Универзитетот Харвард, на одделот за здравствени науки и технологија, дизајнираше огледало, базирано врз едноставната технологија на веб-камерите, кое ќе ги следи вашите здравствени параметри и ќе ви помогне да откриете постоење (или ризик од) срцеви болести.

Минг-Зер По, постдипломец на Универзитетот Харвард, на одделот за здравствени науки и технологија, дизајнираше огледало, базирано врз едноставната технологија на веб-камерите, кое ќе ги следи вашите здравствени параметри и ќе ви помогне да откриете постоење (или ризик од) срцеви болести.

КамераЗастанувате пред двонасочното огледало, кое одзади има монитор. Тоа, со помош на вградената веб-камера веднаш почнува да го бара вашето лице. Откако ќе го најде, почнува да го анализира и според дадените параметри, почнува да ви ги прикажува виталните знаци на дисплејот.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Ако ги следите параметрите на подолг период, со денови или пак недели, податоците ќе бидат анализирани и ќе се покажат сите варијации и невообичаени отстапувања. На овој начин, оваа технологија ќе може да открие постоење на срцеви болести или пак ризик од нивно развивање.

Во блиска иднина, креаторот на огледалото гледа можност за поврзување на уредот, преку интернет, со базата на податоци на матичните лекари, за подобро следење на здравјето на пациентите.
{youtube}LyWnvAWEbWE{/youtube}

- Реклама -