Калеска Ванчева: Се качивме на возот за ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ сака да се вратиме назад

„Искрено се надевам, јас како и огромното мнозинство на граѓани, дека сите заедно ќе собереме сила да истраеме на патот на европска Македонија, бидејќи тоа е единствена алтернатива“, истакна пратеничката на СДСМ – Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.

Според Ванчева, сега, кога државата дошла толку блиску, ВМРО ДПМНЕ (која, како што истакна, не гласаше ниту „за“ ниту „против“ за Договорот за добросеседство со Република Бугарија) одлучила да не се одвива дебата во собранието туку сите да ги слушаат нив, при што посочи дека „кога треба да се разговара и да зборуваат пратениците на позицијата, тогаш на секој можен начин да го попречуваат тоа“.

„Се качивме на возот за ЕУ, вие сакате назад да се вратиме“, изјави пратеничката на СДСМ во гостувањето, додавајќи дека „граѓаните знаат дека со СДСМ започнува скринингот за членство во ЕУ“.

Прочитајте и:  Мицкоски за уставните измени: Не сме ни Бујар, ни Маричиќ, ни Ковачевски да бидеме лековерни и наивни, нема да влегуваме во авантури

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ не ја добила поддршката, туку ја силува поддршката – не добиле поддршка на изборите ниту во 2020 година а ни на последните вонредни избори пред месец дена, на кои, како што рече, граѓаните „потворно пратиле сигнал“.

„ВМРО-ДПМНЕ од една страна зборува за просперитет, за криза, која е глобална, а сака 80 милиони евра да флриме на референдум да ја вратиме Македонија назад“, рече Ванчева додавајќи, дека ВМРО-ДПМНЕ биле првите што се изјасниле дека државата треба да биде во НАТО и ЕУ, а сега сакаат да ја врати назад.

„ВМРО-ДПМНЕ избира кукавички начин, се крие зад граѓаните. Ако се искрени во намерите, ако сметат дека тој договор е лош, нека дојдат на власт, па има одредба во договорот дека може со еднострана изјава да го прекинат“, порача Калеска Ванчева.

- Реклама -