Одвреме навреме, ќе прочитате вест дека Фејсбук или некој друг технолошки гигант ќе пушта интернет кабел од Вирџинија до Шпанија. Па, како се прави тоа?
Ќе беше убаво да можеш да застанеш на плажа во САД, да му довикнеш на некој на плажа во Британија, да му го фрлиш другиот крај на кабелот преку Атлантикот, а овој да го фати па да го закачи таму кај што треба. Ама ете, изгледа не им текнало, па користат бродови и специјални машини за местење кабел на морското дно. Вака оди тоа.