Microsoft во последно време прави одлични реклами против своите конкуренти во кои има многу хумор и оригиналност, но не секогаш рекламните кампањи се успешни. Последната кампања беше насочена против Apple и новите смартфони iPhone 5S и iPhone 5C, но набрзо мораа да ја повлечат од интернет и телевизија.
За среќа интернетот е магично место на кое ништо не може да биде избришано, па така и рекламата на Microsoft повторно е поставена на YouTube. Во неа се прави пародија на кретивниот процес во Apple при носењето на идеите за новите iPhone 5S и iPhone 5C, но рекламата е чисто промашување, со лоши актери, лоша глума, глупави шеги и без никаква оригиналност.
Компанија како Microsoft со огромен буџет за маркетинг не смее да си го дозволи овој срам и по тешките реакции видеото беше повлечено од нивниот канал на YouTube, но за жал не може да се блокира целиот интернет. Погледнете го срамот на Microsoft, кој можеби конечно ќе извлече поука дека негативната кампања не секогаш носи резултати.
[youtube]http://youtu.be/20LgureMuWo[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk