Како да го забрзате метаболизмот

МетаболизамНекои од нас, иако не конзумираат многу храна, многу лесно качуваат по некој килограм. Ова се должи на бавниот метаболизам. Иако тој зависи од повеќе фактори, а најмногу од генетскиот, постојат начини како да го забрзате и со тоа да се ослободите од проблемот со тежината.

Некои од нас, иако не конзумираат многу храна, многу лесно качуваат по некој килограм. Ова се должи на бавниот метаболизам. Иако тој зависи од повеќе фактори, а најмногу од генетскиот, постојат начини како да го забрзате и со тоа да се ослободите од проблемот со тежината.

Метаболизам1. Зголемете ја мускулната маса

Колку повеќе мускули имате на своето тело, толку повеќе енергија ќе ви биде потребна за нивно секојдневно функционирање, што значи многу повеќе согорени калории. За да го забрзате метаболизмот, не мора да станете билдер, доволни е два до три пати неделно да вежбате со полесни тегови (колку за почеток).

2. Пијте многу вода

Водата е одговорна за повеќе метаболички процеси во телото, вклучително варењето на храната, исфрлање на отпадните материи и регулација на температурата. Доколку не внесувате доволно вода, тоа може да доведе до забавување на метаболизмот. Затоа, препорачано е дневно да внесувате по најмалку 2 литри вода.

3. Зголемете ги кардиоваскуларните активности

Доколку пешачите, џогирате или возите велосипед, тоа е доволно да се забрза метаболизмот. Но, ако сега започнувате со вежбање, започнете со нешто полесно (како лесни прошетки, умерено возење велосипед или сл.) додека се навикнете на новиот начин на живот. Потоа, доколку ви е потребно, можете да го зголемите интензитетот.

4. Пијте кафе

Една од работите кои веројатно и до сега сте ја правеле за забрзување на метаболизмот е пиењето кафе. Кофеинот од кафето е природен забрзувач на метаболитичките процеси, а помага и во оксидацијата на мастите. Не е лошо да се напиете чаша кафе на половина час пред вежбањето, зашто така ќе имате поголема концентрација и полесно ќе се справите со заморот. [Natural Ways to Boost Your Metabolism]

- Реклама -