Јапонија ги подмитува пензионерите да престанат да возат

12734-6917-elderlyjapan-l[1]

Полицијата во Јапонија реши да ги „подмачка“ возрасните возачи, со тоа што им дава попуст на супите од тестенини, под услов доброволно да се откажат од своите возачки дозволи.

Надевајќи се дека на јапонските сениори им е поприоритетно да заштедат на храна отколку да возат, полицијата во централната префектура Аичи на возачите кои имаат повеќе од 75 години им понуди попусти во локалните ресторани. Тие што ќе ги предадат возачките дозволи ќе добијат потврда со која за нарачан оброк со тестенити ќе добијат попуст од 90 јени.

Сé е ова дел од мерките за безбедност во сообраќајот, со што 4.8-те милиони јапонски возачи постари од 75 години не можат многу да се пофалат. Напротив, во последно време токму оваа група луѓе предизвика низа автомобилски несреќи со фатален исход. Минатиот месец во Јокохама, на пример, едно шестгодишно момче загина, а 11 други деца беа повредени кога 87-годишен возач на комби ги „собра“ пред нивното основно училиште.

Прочитајте и:  Повеќе од 40 отсто од јапонските компании не планираат да користат вештачка интелигенција

Од март во Јапонија има и нови когнитивни тестови за возачите кои наполниле 75 години и кои сакаат да им се продолжи возачката дозвола.

Извор: 24 вести

- Реклама -