Јапонците учат англиски од Обама

Повеќе... Стотици илјади Јапонци се трудат да научат англиски од Барак Обама. Прилагодениот учебник во кој се собрани неговите говори беше распродаден во 400.000 примероци од Јапонците кои сакаат да зборуваат англиски како што тоа го прави новиот американски претседател.

090120_obama2.jpgСтотици илјади Јапонци се трудат да научат англиски од Барак Обама. Прилагодениот учебник во кој се собрани неговите говори беше распродаден во 400.000 примероци од Јапонците кои сакаат да зборуваат англиски како што тоа го прави новиот американски претседател.

Издавачите на „Говорите на Барак Обама“од Asahi Press тврдат дека зборовите кои ги користи Обама како „yes, we can“, „change“ и „hope“ лесно можат да се разберат и да се запомнат. Овој учебник од 95 страници ги вклучува сите негови познати говори од Демократската Национална Конвенција во 2004, а ќе биде дополнет и со говорот кој Обама ќе го одржи на инаугурацијата. Барем не учат англиски од поранешниот претседател – Џорџ Буш.

- Реклама -