Последиците од економската криза се чувствуваат и во Јапонија каде е зголемен бројот на невработени и бездомници. Така, некои млади Јапонци имаат необично место за живеење кое го нарекуваат свој дом – интернет кафе во Токио во кој можат да се изнајмат мали и евтини приватни соби.
Последиците од економската криза се чувствуваат и во Јапонија каде езголемен бројот на невработени и бездомници. Така, некои млади Јапонциимаат необично место за живеење кое го нарекуваат свој дом – интернеткафе во Токио во кој можат да се изнајмат мали и евтини приватни соби.
Mоментално таму има 60 постојани жители кои ги нарекуваат „сајбер бездомници“ и кои имаат доволно финансиски средства колку да не останат на улиците. Нив ги чини 500 долари месечно „комфорот“ да живеат во овие клаустрофобични соби во кои има место колку да се седне пред компјутер и во кои нема природна светлина и свеж воздух, а единствениот прозороц кон светот е компјутерот.
Станарите кои одвај да излегуваат од нивните клаустрофобични престојувалишта, можат оттаму да нарачаат храна, имаат на располагање стрипови, а можат и да се истушираат. Доколку останат повеќе од еден месец, можат да го регистрираат интернет кафето како нивна адреса од каде ќе бараат работа и ќе добиваат владина помош.
Чевлите на потстанарите се наредени пред вратите (како што е обичај во Јапонија), а машките од женските потстанари можат да се разликуваат само според боите на чадорите кои висат на вратите. Во ваквата средина нема многу социјализирање, според менаџерот: „тие се осамени луѓе кои не сакаат многу друштво“.