Испорачани тенковите „Абрамс“, САД очекуваат Украина „да биде прониклива“ каде и како ќе ги користи

Американската војска соопшти дека сите тенкови „Абрамс“ од американско производство што администрацијата на претседателот Џо Бајден му ги вети на Киев пристигнале во Украина.

Во Украина пристигнаа 31 тенк, како и сите Украинци кои беа обучени на нив, заедно со муниција и резервни делови за тенковите, изјави полковникот Мартин О’Донел, портпарол на американската армија за Европа и Африка.

„Го исполнивме нашиот дел од договорот. Од овој момент, на нив останува да одредат кога и каде ќе ги покажат своите способности“, додаде О’Донел.

Воените претставници велат дека може да помине некое време додека Абрамс да бидат испратени на бојното поле, бидејќи Киев допрва треба да одлучи кога и каде ќе ги користи.

Прочитајте и:  Киев контра Вашингтон за возраста за мобилизација: Доцнењата во логистиката не може да се надоместат со испраќање млади луѓе на фронтот

„Мислам дека Украина ќе биде прониклива за тоа кога и каде ќе ги користи“, рече О’Донел.

„Тенкот ‘Абрамс’ е пеколно оклопно возило, но не е сребрен куршум. На крајот на краиштата, решителноста на Украина да се пробие е најважна“, додаде тој.

МИА

- Реклама -