Компанијата iRobot создава повеќе од симпатични автономни правосмукалки. Деновиве компанијата работи на воени проекти, електронски направи и роботи за телеприсуство контролирани преку таблет.
Во почетокот на оваа година iRobot дури се снабдиле со нови алатки за создавање на нова технолошка група, најавувајќи партнерство со InTouch Health за создавање на AVA технологијата за телеприсуство. Денес двете компании го најави плодот на својата работа – Remote Presence Virtual + Independent Telemedicine Assistant или скратено RP-VITA.
Проектот има за цел да ги спои најдобрите единици за телеприсуство на iRobot со роботите на InTouch health, создавајќи едноставен систем кој им овозможува на докторите да се грижат за своите пациенти без да се судрат со претерано комплицирана технологија.
RP-VITA содржи технологија за мапирање, детекција и избегнување на пречки, едноставен iPad интерфејс за контролирање и интеракција и способност за интерфејс со дијагностички направи и електронски медицински досиеја. Овој дизајн ќе овозможи автономно навигирање до специфични дестинации, но системот сè уште очекува одобрување од FDA.
iRobot и InTouch се оптимисти за оваа направа, но тврдат дека RP-VITA е само почеток. „Ова е нашиот прв обид за влез во медицинскиот пазар и RP-VITA претставува значајна платформа“ изјавил Колин Енгл, претседател на iRobot „Гледаме идни можности во слични пазари“. [The iRobot doc will see you now: Roomba maker enters the ER]