iPhone држач за кафе (видео)

И токму кога помисливте дека не може подобро, една холандска компанија измисли држач за кафе за вашиот iPhone.

Иновативниот држач за кафе е дизајниран исклучиво за сопствениците на iPhone кои постојано испраќаат пораки, играат игрици или сурфаат по Интернет.

Овој гаџет го смислила компанијата Natwerk од Амстердам и има за цел да ги ослободи рацете, но и да придржи чаша кафе или чај од било која големина.

Логото на држачот за чаши за iPhone е: нема веќе типкање со една рака, нема веќе истурено кафе. За 25 долари овој држач може да се купи за iPhone 4 додека за iPhone 5 е поскап и чини 30 долари.

- Реклама -