American Airlines се движи кон целосна дигитализација, давајќи им на своите пилоти прирачници на iPad наместо во форма на дебели книги.
Компанијата сака и стјуардестите да бидат технолошки опремени но не сака да плаќа за нови таблети, па стјуардесите ќе добијат Galaxy Note. Овој фаблет (телефон+таблет) бил избран по куса пилот програма во која стјуардесите изјавиле дека би го преферирале Samsung поради релативно големиот дисплеј, кој сепак може да се користи со една рака и за разлика од таблет може да се стави во џеб.
Како и пилотите и стјуардесите ги добиваат телефоните како замена за печатени прирачници. Вреди да се спомне и дека иако се работи за телефон, според American Airlines Note е мал таблет и воопшто не ја спомнуваат способноста за телефонски повици, туку само Wi-Fi способностите.
Компанијата се подготвува за купување на 17.000 Galaxy Note телефони до средината на 2013 година и да постигне 91 процент „Wi-Fi подготвеност“ до крајот на годината.