iPad Мini 2 со златна боја и скенер за отпечатоци Touch ID

Подолго време во јавноста се пласираат информации за претстојниот таблет iPad Мini 2 кој ќе биде втор на компанијата Apple со големина на екранот од 7.9 инчи.

Тоа што е сосема ново во целата приказна е можноста и кај iPad Мini 2 да се искористи скенерот за отпечатоци Touch ID кој беше промовиран кај iPhone 5s.

ipad mini 2 gold

Промена ќе има и во надворешниот дизајн, па така по примерот на iPhone 5s ќе бидат искористени двете нови бои space gray и champagne или популарно наречена златната боја на Apple која се покажа како вистински хит.

ipad mini 2 touch id

iPad Мini 2 ќе биде претставен наскоро, а како можен датум се споменува 15-ти октомври. Apple овој настан ќе го искористи и за промоција на петтата генерација на таблетот iPad со големина од 9.7 инчи.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -