iPad Air ќе сруши нов рекорд

Новиот таблет на Apple од 1-ви ноември влезе и официјално во продажба во над 50 земји во светот и се очекува да постави нов рекорд со продадени над 3 милиони примероци во само еден викенд.

ipad-air-sales530x290_031113_115238

Според извештајот на Џин Мунстер од аналитичката фирма Piper Jaffray продажбата на новиот таблет се одвива многу подобро од очекувањата, со што Apple е на работ на поставување на нов рекорд со продадени 3.5 милиони таблети. Apple го постави рекордот минатата година кога iPad 4 беше продаден во 3 милиони примероци.

iPad Air prva(1)

Интересот за производите на Apple е огромен, а тоа го потврдија и новите смартфони iPhone 5s и iPhone 5c кои во првиот викенд достигнаа продажба од неверојатни 9 милиони примероци. Предноста на iPad Air во однос на мината година е што е лансиран во многу повеќе држави, вклучувајќи ја и Кина.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -