Инженер сам си го спасил животот

залистокВо 2000 година Тал Голесворти, инженер од Британија, открил дека има вродена срцева маана која ги оштетува сврзните ткива и често предизвикува пукање на аортата. Единственото решение кое му останало е спој на механички залисток и ризични разредувачи на крвта.

Но, за инженер како Голесворти, тоа решение не било доволно добро. Затоа решил да создаде нов имплант кој функционира подобро од постоечкото решение, по што стана првиот пациент кој го тестирал. Претходното решение опфаќало пет часовна операција и бајпас по што се отстранува оштетениот дел од аортата и се заменува со механички залисток. Но Голесворти не се откажал. Претходно никој не се сетил да ја искористи модерната технологија – комбинација на магнетна резонанса, компјутерски алатки за дизајн и техники за брзо конструирање на прототип.

Тој создал имплант кој го намалува ризикот од згрутчување на крвта, со што се отстранува потребата за опасни разредувачи на крв. Голесворти работејќи две години на овој имплант дознал дека најтешкиот дел не е дизајнот и производството, туку добивање на прецизни мерки. Движењето на срцето и останатите органи создавале различни мерки од различни перспективи. За среќа тимот открил дека можат да ги добијат потребните мерки од снимка направена во специфичен дел од срцевиот циклус.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Крајниот производ е направен од полиетилен терефталат, стандардна медицинска пластика и тежи помалку од 5 грама. Рзултатите се одлични: Голесворти бил првиот пациент кај кој била употребена неговата креација, а од тогаш уште 23 пациенти поминале низ истата процедура. Голем број уште чекаат. Голесворти гледа на овој чин како победа не само за оние кои страдаат од истата вродена маана, туку и како порака за медицинската заедница: „Тие се сите биолози и лекари и имаат потреба од инженери“.

Голесворти сака да види поголема соработка помеѓу медицинската заедница и инженерите кои би можеле да најдат решенија кои лекарите и биолозите едноставно не можат да ги видат. [British engineer designs own heart valve implant, saves own life]

- Реклама -