Омнидирекционална камера фотографира панорами т.е. фотографии од 360 степени и ги испраќа на вашиот смартфон.
Оваа омнидирекционална камера во моментов е во фаза на развој од страна на RICOH, а со едно сликање се добива целосна 360 ° панорамски слика.
„Таа има две „fish-eye“ леќи, од кои секоја опфаќа 180 степени. Камерата потоа ги комбинира двете слики и ги испраќа преку Wi-Fi на таблет или смартфон за гледање. Идејата е фотографиите што ги правите да пристигнуваат автоматски.”
Во моментов, камерата фотографира само фотографии, но, понатаму од RICOH сакаат да овозможат и снимање на видео во 360 степени.
[youtube]7wjNjsBnH5E[/youtube]