Home Технологија Автомото Индијците ќе ја освојуваат Европа

Индијците ќе ја освојуваат Европа

0

Раководството на индиската компанија Mahindra & Mahindra најави европска премиера на новиот компактен кросовер Quanto на салонот во Болоња кон крајот на годината. Возилото треба да му биде конкурент на Dacia Duster на пазарите на Стариот континент.

Продажбата на Mahindra Quanto во Европа ќе стартува истовремено со премиерата на моделот, а најнапред ќе се направат нарачки за Италија. Потоа кросоверот ќе биде достапен и во други европски земји, а меѓу нив е и Шпанија. Таму Индијците имаат развиена дилерската мрежа, каде што успешно се продава пикапот Goa.

Кои агрегатите ќе се нудат во Mahindra Quanto на Стариот континент, засега не се соопштува. Во Индија автомобилот доаѓа со 1,5 литарски дизел мотор со моќност 100 КС. Тој е комбиниран со 5 брзински рачен менувач, кој ја пренесува силата на предните тркала. Се очекува европската верзија да има и 6 степен автоматски менувач, како и систем за погон на сите тркала.

Објавено во соработка со Авто Плус.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here