Прекрасниот живот на Кристијано Роналдо

„Мислам дека луѓето ме мразат затоа што сум богат, убав и многу добар фудбалер. Немам друго објаснување “, вели Роналдо, кој дефинитивно има голема база на хејтери. И други фудбалери се фотографираат  во реклами за долна облека и возат скапи автомобили, но се чини дека Роналдо собира најмногу омраза поради својот имиџ на “убавец”.

Минатата година Роналдо заработил 44 милиони долари, со што е највисокоплатениот спортист во светот. Неодамна тој потпиша договор, според кој ќе добива 23 милиони долари годишно до 2018 година, што е највисокоплатениот договор на фудбалер.

Само од реклами тој прави речиси  21 милиони долари годишно.

Неговиот договор со Најк му носи 8.000.000. долари годишно.

Покрај тоа, тој се согласи за соработка со Herbalife, Castrol, Samsung и други. Надвор од теренот неговиот живот е не помалку гламурозен. Негова девојка  е руската менекенка Ирина Шејк. Самата таа има многу успешна кариера.

Тие често патуваат низ светот заедно

Неговото хоби се автомобилите.  Има Lamborghini Aventador од 300 000 долари.

Во 2009 година тој уништи едно Ferrari од 320 000 долари во Манчестер.

Роналдо поседува повеќе автомобили – Бентли, Порше и Мерцедес.

Живее во вила за 7 милиони долари во Мадрид.

Ја сака модата, па рекламира и долна облека на Armani.

 

- Реклама -