Некогаш патувањето со авион беше посебно доживување, кое не беше достапно за сите. Патниците специјално се дотеруваа со најсвечената облека, а само вистинските убавици можеа да работат како стјуардеси. Наместо денешните сендвичи и полупразни чаши сок, тогаш се служеа вистински гурманлуци и секаков вид пијачки. За разлика од денес, во ера на страв од тероризам, тогаш буквално ти носеа свински бут и го сечеа со месарски нож.
Еве како изгледаше тоа пред 50-тина години. Фотографиите се објавени од страна на Scandinavian Airlines, по повод 70-годишнината од постоењето.