Американскиот осигурителен институт за безбедност на патиштата (IIHS) подложи на краш-тестови 12 компактни модели. Тестовите беа одржани според новите построги правила на организацијата, а највисока оценка доби Honda Civic – седан и купе верзиите.
Моделот, кој се нуди во верзии со три и со 4 врати, е единствениот кој добил оценка „добар“ за заштита при фронтален удар со малку покриеност. Со „прифатливо“ беа оценети Dodge Dart, Ford Focus, Hyundai Elantra и Scion tC. Наведените шест модели сепак го задоволуваат тестот и ја добија титулата „Најбезбеден автомобил +“.
Од IIHS соопштија уште дека послаби резултати на тестот покажале Kia Forte (Cerato), Kia Soul и Nissan Sentra. Кај Forte се добила сериозна деформација на возачкото место, при ударот не се активирани воздушните перничиња. Освен тоа управувачкиот столб се поместил надесно, па главата на куклата, која ја игра улогата на возач, остана надвор од зоната на воздушната перница. Ремените на моделот на Kia исто така не биле добро фиксни, а слични проблеми имало и при краш-тестот на Nissan Sentra. Кај него деформација на каросеријата и на местото на возачот била прилично голема.
Организаторите на тестот откриваат исто така, дека еден од најважните параметри на заштитата при удар со малку покриеност се воздушните перничиња. Во случајот со Chevrolet Sonic нивното отворање е задоцнето, а ова довело до помала заштита. Воздушното перниче реагирало подобро кај Hyundai Elantra. Кај овој модел сепак имало друг проблем – поради лошиот фиксен ремен, куклата отишла 28 см нанапред. Од целата група автомобили исклучиво Elantra, двете верзии на Civic и Scion tC, покажале доволна заштита за главата на возачот.
Како целина, точно половина од испробаните автомобили не успеале да заслужат титула „Најбезбеден автомобил +“. Тоа се Kia Forte, Kia Soul, Nissan Sentra, Chevrolet Sonic, Chevrolet Cruze и VW Beetle, кои добиваат оценка „најбезбедни автомобили“.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус