Веќе имаме паметни автомобили, па редно време е за паметни патишта. Холандскиот дизајнер Даан Розегард заедно со групата за менаџирање на инфраструктури Heijmans создале специјална боја која свети во темница со што не само што ќе ги осветлува патишатата туку и ќе ги предупредув возачите за условите на подлогата.
Специјалната боја ќе биде употребена за цртање маркери во форма на снегулки на површината на патот – снегулки кои ќе стануваат видливи само откако температурата ќе падне под одреден праг, што ќе посочи дека подлогата е лизгава. Розегард вели дека технологијата постои веќе неколку години, тие само ѝ нашле нова намена.
Првите стотина метри пат кој ќе свети во темница и ќе ја демонстрира состојбата на подлогата ќе бидат инсталирани во провинцијата Бранбант во средината на 2013 година. По воведување на овој систем, Холандија ќе воведе и приоритетните индукциони ленти за електрични возила, интерактивни улични светилки кои се вклучуваат само кога има возила во близина и улучни светилки со ветерници во текот на следните пет години.
Идејата не е само да се користат попристапни методи за осветлување на патиштата, со што тие ќе станат побезбедни, туку целосно да се револуционира дизајнот на автопатите заедно со дизајнот на автомобилите.
Според Studio Roosegaarde, интегрирани автомобили и системи за навигација се само дел од иднината на системот за менаџирање на патишта – патиштата мора да го исполнат својот дел од целиот план и да станат интелигентна површина која ќе им дава на возачите корисни информации. [Netherlands highways will glow in the dark from mid-2013]