Home 365 Денес Хистерична реакција на БГНЕС поради ненамерен пропуст на Героски: „Нова хистерија и говор на омраза кон Бугарија!“

Хистерична реакција на БГНЕС поради ненамерен пропуст на Героски: „Нова хистерија и говор на омраза кон Бугарија!“

0
Хистерична реакција на БГНЕС поради ненамерен пропуст на Героски: „Нова хистерија и говор на омраза кон Бугарија!“

„Неколку часа  откако македонската влада го назначи поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален пратеник за Бугарија, во РС Македонија започна нова хистерија против Бугарија Целта е многу едноставна – да нема разбирање меѓу Скопје и Софија и евроинтеграцијата да биде блокирана.

Нивната беспомошност да ја аргументираат огорченоста против Бугарија и напорите на Скопје да бидат разрешени сите – наследени од поранешниот режим – спорови, доведе до обновување на методите од 1945 година, кога ги тераа луѓето на централниот плоштад во Скопје да скандираат ‘смрт’ за секој што мисли поинаку. Денес истите скандирања се излеваат од телевизиите, радијата и електронските ‘медиуми’.

Така, познатиот новинар Бранко Геровски исфабрикува ‘интервју’ на Бучковски за БГНЕС. Со мноштво ‘цитати’ од кажаното за БГНЕС на Бучковски и ‘реплики и прашања’ од страна на ‘новинарот на БГНЕС’ се присетуваме на повиците за линч на ‘народните непријатели’ од периодот по Втората светска војна“, пишува бугарската новинска агенција БГНЕС, во хистеричната реакција по повод најновата колумна на Бранко Героски, во која тој по грешка посочува дека интервјуто на Бучковски е за агенцијата, кога всушност се работи за интервју за „Слободна зона“ на водителот Георги Коритаров за бугарската „ТВ Европа“.

Иако станува за очигледен ненамерен превид кој суштински и ништо не менува во поглед на поентите и суштината на колумната на Героски, ниту пак Героски нешто би добил со тоа што би „излажал“ дека Бучковски зборувал за „БГНЕС“, а не за „ТВ Европа’, на „Плусинфо“ веќе е објавена исправка (како што е и редот) дека било посочено погрешно интервју, заедно со извинување до двата медиума.

Според БГНЕС, меѓутоа, тоа не ни близу до доволно:

„Сега не се нужни ‘извинувања за пропустот, превидот, побркувањето и слично’ од страна на авторот. Нема да очекуваме и реакција од најразличните ‘институти, научници, професионални здруженија’ кои ќе го осудат нарушувањето на стандардите на професионалното новинарство. Многу едноставно – тоа не е новинарство, тоа е пропаганда во полза на идеологиите на омразата“, пишува агенцијата во реакцијата, па му испраќа порака на Героски, но и сите други:

„Целта на лагата за судир меѓу Бугарија и Македонија, сепак, е недостижна. Двете страни ќе бидат заедно зашто се обединети не само од минатото, туку и од историјата. Македонците заслужуваат да живеат слободно и имаат право да бидат информирани како и секој еден Европеец. Тие имаат право да се нарекуваат себеси Македонци и да зборуваат на каков јазик сакаат, но не заслужуваат да бидат системски манипулирани и воспитувани во омраза против кого и да е! Омразата нема место во Европа!“, со апсурдна доза на драматика прогласува агенцијата.

Во колумната на Героски, пак, која според БГНЕС претставува нова хистерија против нашиот источен сосед, лажна пропаганда и ширење на омраза, па и „скандирање ‘смрт’ на плоштад“, новинарот едноставно бара објаснувања од Бучковски за неговите двосмислени и недоречени ставови кои оставаат многу простор за толкување, со можност да се стигне до заклучок дека се совпаѓаат со тезите на Бугарија – и негова злоупотреба, a кои во меѓувреме кумановскиот градоначалник ги нарече „национално предавство“. Во колумната, насловена „Професоре Бучковски, Ви го одземам правото да преговарате со Бугарија во мое име и во име на мојот народ!“, Героски, на пример, пишува:

„Непријатно и дури и тажно е да се узнае дека нашиот Специјален пратеник во преговорите со Бугарија етногенезата на својата нација ја објаснува како чин на создавање во 1944 година, годината кога на заседанието на АСНОМ е создадена македонската држава, а не нацијата…

… Повикувајќи се на моето уставно загарантирано право да го искажам своето лично мислење и на мојот скромен капацитет да артикулирам и дел од јавното мислење на граѓаните на Македонија, си земам слобода јавно да Ви кажам дека Ви го одземам правото во мое име и во име на мојот народ да преговарате со Бугарија!

Или, попрецизно кажано, Ви го замрзнувам тоа право, сѐ додека јавно, тука, во Македонија, во Скопје, во дебата со стручната и со општата јавност, не ги расчистите крајно спорните и опасни тези што ги изнесовте во Вашето последно интервјуто за бугарски медиум, чиј дел е пренесен во твитот објавен на крајот на овој текст.

Ова се моите причини за тешката одлука што ја донесов:

1. Новинарот јасно и прецизно Ве прашува: „Кажете ми, реалистично ли е во Скопје да ја прифатат тезата дека некогаш ние сме биле заеднички народ кој се самоопределил како бугарски?“ Да повторам, прашањето е многу едноставно и прецизно. Од Вашата подолга експликација, професоре Бучковски, за почеток ја издвојувам следната реченица: „Тврдењето дека ние, всушност, сме еден народ во две држави, во овој момент, во Република Македонија, ако се тера таа теза, ќе направи повеќе штета отколку корист“.

Од долгогодишен професор и политичар, од добар познавач на историјата, а сега и Специјален пратеник на премиерот Зоран Заев за преговорите со Бугарија, очекував многу појасен и попрецизен одговор. Но, Вашиот одговор, професоре, е сомнително нејасен. Вие велите дека тезата „еден народ – две држави“, ако се терала, „во овој момент“ ќе направела повеќе штета отколку корист.

Во овој момент?! Како тоа – во овој момент?! Кога ќе биде погодниот момент да се тера таа теза? Ќе има таков момент? Вие ја прифаќате теата „еден народ – две држави“?

Да не го слушнев продолжението на Вашиот исказ, уважен професоре, ќе мислев дека станува збор за лапсус. Но, целината на Вашиот исказ, за жал, открива еден фатален факт, преку кој јас, едноставно, не можам да поминам.

2. Би можел да се согласам со Вашата убеденост, господине Бучковски, дека е „неспорно“ дека ние и Бугарите и Македонците имаме “заедничка историја“, иако на сите ни стана јасно дека таа фраза различно се разбира во Скопје и во Софија. Како и Вие, така и јас, не спорам со фактот дека бугарската држава е постара од македонската. Но, Вие во ова интервју велите дека „бугарскиот нација-народ е создаден пред македонскиот“ и дека „официјална Софија нема проблем со создавањето на македонската нација во 1944 година“.

Уфффф… Со спортски речник, ова се вика – статива!

На што мислите кога велите дека бугарскиот народ-нација е „создаден“ пред македонскиот? Од кого е „создаден“? Како?…“. Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here