Hi-tech чадори

cador.jpg Нешто што можеби ќе ви затреба во врнежливите денови. Иако и обичен чадор ќе Ви заврши работа, сепак, со овие е многу поинтересно:) Погледнете неколку навистина интересни високо технолошки чадори.

Нешто што можеби ќе ви затреба во врнежливите денови. Иако и обичен
чадор ќе Ви заврши работа, сепак, со овие е многу поинтересно:)
Погледнете неколку навистина интересни високо технолошки чадори.


 Light Saber Umbrella

  Уште еден доказ дека Star Wars прерасна во навистина голема индустрија. Light Saber чадорот е уште еден предмет кој можете да го вметнете во вашата Star Wars колекција.

01.light_saber_umrella_.jpg
light_saber_umbrella3.jpg
 
The NanoNuno Umbrella

  NanoNuno чадорот користи нано-технологија за да ја „ исфрли “ влагата од полиестерот, технологија која се развиваше многу години.

02__nanonuno_umbrella.jpg
 
Ambient Forecasting Umbrella
  Типична ситуација: излегувате за на работа без чадор, и одеднаш, почнува да врне. Но, со Ambient Forecasting чадорот ќе го немате тој проблем. Овој чадор работи така што се приклучува на AccuWeather.com , и го „ предвидува „ времето во вашата околина. Ако шансите да заврне дожд се 100 %, тогаш светлото на рачката ќе пулсира 100 пати во минута, со што ќе ве предупреди дека ви треба чадор. Ако шансата за дожд е помала, тогаш светлото ќе пулсира еднаш во секунда.
03_ambient_forecasting_umbrella.jpg
 
Pileus: The Internet Umbrella
  Што кога би можеле да сликате или да снимате видео со вашиот чадор? Тоа го можете со Pileus: The Internet Umbrella. Тој има бежичен интернет со вградена камера. Со него можете да снимате видео, или да сликате, и тоа ќе биде upload-ирано на YouTube или Flickr. Потоа, со свртување на рачката ( која содржи RFID читач ), се скролува низ содржините на секој сајт. Сето тоа се гледа во внатрешноста на чадорот. Сега се работи на тоа чадорот да има навигационен систем.
Прочитајте и:  Се враќа ли на голема врата кинескиот технолошки гигант, Huawei?
04_pileus_the_internet_umbrella.jpg
 
iBrella

  iBrella овозможува да го активирате вашиот iPod едноставно со отворањето и затворањето на чадорот. За менување на песна, протресете го чадорот, а за поголем волумен, кренете го во воздух. Впрочем, видеово кажува се.

 
05_ibrella.jpg
 
My Day Umbrella

   My Day Чадорот е комбинација помеѓу Forecasting Umbrella и  Pileus Umbrella. Ткаенината на овој чадор е направена од ePaper, и на дисплејот прикажува една од шест различни слики, и пушта музика која одговара со сликата. Зависно од вашето расположение, можете да ја свртите рачката и ќе прикаже друга слика, без разлика дали е сончев ден, или врнежлива шума. Замислете си кога би можело да си upload-ирате ваши слики:)

06_my_day_umbrella.jpg
 
Hedonics’s Solar Umbrella
  Овој чадор работи на соларна енергија. На него има 16 бели LED сијалички кои обезбедуваат убаво расположение:) Сијаличките траат до 4 часа – доволно за романтична вечера…а и за многу повеќе:)
 

07_solar_umbrella.jpg
 
Bumpbrella

  Една од најлошите работи во врнежливите денови е кога се судираме со другите чадори на улица. Наместо да се наведнувате и да барате засолниште:), Bumpbrella е прозирен и со него можете да гледате кој и што има пред Вас. Содржи 3 LED сијалички, па можете да бидете видени и ноќе. Свртете ја рачката, и се собира.

bumpbrella.jpg
08_bumpbrella.jpg
 
Forecast

  Уште еден чадор кој го „ предвидува “ времето, исто така од Интернет. Колку се поголеми шансите за дожд, толку повеќе рачката ќе свети.
09_forecast.jpg
forecast2_450h.jpg
 
Motorized Umbrella Controller

 За навистина да ги импресионирате вашите гости наредниот пат кога ќе правите скара.  Ви овозможува да го отворите вашиот чадор на далечина од 40 стапки, со помош на далечински управувач.
10_motorized_umbrella_controller.jpg

- Реклама -