Heatball светилки – нова намена за стар производ

светилкиГермански бизнисмен успеал да ја заобиколи забраната поставена од Европската Унија за продажба на светилки посилни од 60 вати. Сигфрид Ротхаусер и неговиот зет откриле легален начин да ги увезуваат и продаваат нивните светилки од 75 и 100 вати. Тие ги произведуваат светилките во фабрика во Кина, ги увезуваат како „мали греачи“ и ги продаваат како “heatballs.”

Германски бизнисмен успеал да ја заобиколи забраната поставена од Европската Унија за продажба на светилки посилни од 60 вати. Сигфрид Ротхаусер и неговиот зет откриле легален начин да ги увезуваат и продаваат нивните светилки од 75 и 100 вати. Тие ги произведуваат светилките во фабрика во Кина, ги увезуваат како „мали греачи“ и ги продаваат како “heatballs.”

светилкиЗа да се подобри енергетската ефикасност, ЕУ ја забранила продажбата на светилки посилни од 60 вати, што не му одговарало на инженерот од Есен во западна Германија. Ротхаусер почнал да ги проучува европските закони, и дошол до заклучок дека бидејќи неефикасните стари светилки произведуваат повеќе топлина од светлина, може легално да ги продава како греачи. Тој пресметал дека светилките испуштаат 95 проценти топлина и само 5 проценти светлина, па според тоа вели дека неговиот производ ефикасно ја користи електричната енергија поради малата загуба на енергија од само 5 проценти.

На нивниот вебсајт (германски јазик), двајцата инженери го опишуваат нивниот производ како „функционална уметност“. Тие се задоволни од продажбата, поради ниската цена од 1,69 евра, првата пратка од четири илјади парчиња била распродадена за три дена. Ротхаусер исто така се обврзал дека ќе донира 30 центи од секоја продажба на спасување на дождовните шуми, пракса која според 49 годишниот инженер е подобар начин за заштита на животната средина од инвестирањето во светилки кои штедат енергија, но содржат токсични материи како жива.

- Реклама -