На салонот во Париз следната година ќе биде претставен наследникот на легендарниот Citroen 2CV, објавија повеќе француски медиуми. Новиот „спачек“ ќе потсетува на прототипот Revolte, прикажан на Франкфуртското биенале во 2009.
За разлика од аскетски претходник новиот DS2, како што веројатно ќе биде именуван моделот ќе привлекува со стил и луксуз. Освен хечбекот, во подоцнежна фаза ќе се појави и верзија со мек покрив во стилот на оригиналот. Во техничка смисла DS2 ќе биде унифициран со Peugeot 208. Моделот ќе се опреми со трицилиндерски бензински мотори со моќност до 90 КЅ и четирицилиндерски дизелски, до 115 коњи. Максималната модификација ќе биде опремена со бензински турбомотор со 155 КЅ.
Главни конкуренти на Citroen DS2 ќе бидат реинкарнираните модели како FIAT 500 и Mini Cooper. За конкретни цени е рано да се зборува, но според гласините ревитализиранат легенда ќе чини околу 15.000 евра.
Citroen 2CV се произведуваше од 1949 до 1990 година и стана познат со прекарот “Грдиот пате”. Има двоцилиндрерски мотор со моќност 9 КС и преден погон. Благодарение на достапната цена, едноставното ракување и евтината одржување модел станува вистински хит во Франција и ја одигра улогата на тамошниот народен автомобил.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус