И повторно уште еден изум на BMW, овој пат автомобилот кој ќе се движи на природен гас, кој е безбеден и евтин за одржување, како и еколошки прилагоден и кој наскоро ќе стане реалност. Иако на прв поглед потсетува повеќе на скутер отколку на автомобил, ова возило на три тркаа има место за два патника и е долго дури еден метар.

Се вика Clever што е скратеница за компактно возило за градски превоз со намалена емисија на гасови. Максималната брзина што ќе може да ја развие е околу 80км/ч, а најважната задача која конструкторите на овој автомобил си ја поствиле е да им обезбедат на возачот и сопатникот што поголема сигурност и безбедност. Затоа и шасијата е изработена од метал, а висината е приближно иста како и кај другите конвенционални автомобили.
Хидрауличното еластично нишање е задолжено за стабилноста на возилото при кривини при поголеми брзини. Сообраќајните експерти сметаат дека и покрај високата цена, би требабо брзо да им се исплати на корисниците, со оглед на тоа дека трошоците за користење, одржување како и резервните делови за него ќе бидат и до пет пати поевтини отколку кај класичните автомобили. Кровот, трите тркала и металната каросерија го прават возилото многу посигурно и покомотно од мотор. Овој производ засега е прифатен во девет земји од ЕУ. [BMW has completed its new Clever ]
{youtube}kfmg53kPJMg{/youtube}