Глувчето нема веќе да се користи?

Повеќе...

За прв пат е претставен во јавноста во 1968 година во Сан Франциско, а денес по 40 години маусот би можел да отиде во заборав. Него ќе го истисне најновото технолошко достигнување наречено G-Speak, дело на научниците на компанијата Oblong Industries од Лос Анџелес. 


g-speak.jpg

За прв пат е претставен во јавноста во 1968 година во Сан Франциско, а денес по 40 години маусот би можел да отиде во заборав. Него ќе го истисне најновото технолошко достигнување наречено G-Speak, дело на научниците на компанијата Oblong Industries од Лос Анџелес. 
Станува збор за кој знае кој по ред обид во реалност да се преточи она што го гледавме во филмот Minority Report кога Том Круз со едноставни и лесни потези на рацете го пребарува компјутерот пред провидниот екран. На прв поглед ова ново откритие изгледа како едно од многубројните, осудени да останат само на хартија ако уредот заедно со ракавиците во кои се наоѓаат сензори не бидат евтини.

Големиот гуру на видео игрите (Sim City, The Sims, Spore), Вил Рајт неодамна на видео конференцијата во Торино изјавил: "Со првите модели на мауси кои имаа само еден тастер можеа да се ивршат само две операции, обележување и отворање на документ. Потоа стигна и вториот тастер за денес да имаме модели кои имаат и по десет тастери. Замислете, сосема неверојатно е што стигнавме дотаму да можеме да работиме на компјутер и да ни се потребни само десет зборови за десет команди."

Се’ на се’ од револуционарен изум маусот стана помагало кое многу го сметаат за старомоден детал. Старомоден но сеуште доминантен, пред се кога станува збор за техничкиот напредок од ласерски до бежичен и до маус со сензори.

Се работи за Apple-ов мултитач екран како оној на iPhone-от, па се до Surface и Windows 7, новиот ОС на Microsoft. Идејата е да се воведи природна комуникација меѓу човекот и технологијата, кои ја сочинуваат едноставните потези и за кое нема да е потребно посебно совладување на работата со компјутерот. [Oblong Industries’s G-Speak]
- Реклама -