„Европската турнеја“ на премиерот е бесполезна и само дел од преткампањата на СДСМ во пресрет на локалните избори, како и уште еден комичен обид на Заев да одглуми „патриот“, смета новинарот Бранко Героски.
Според Героски, изјавите на Заев од Брисел со цврст тон – дека за идентитетот и јазикот нема да се преговара, се само евтин спин, бидејќи, според него, тие се веќе понудени на преговарачката маса каде ќе се бара компромисот што го заговара владата на СДСМ. А ако/кога тој ќе биде постигнат, власта ќе ја стави во употреба лагата „ете, ги сочувавме јазикот и идентитетот, што сакате повеќе од тоа?“, смета новинарот.
„Не наседнувајте на манипулациите на Заев. Нашиот идентитет е безвреден без неговата етногенеза, а нашиот јазик реално не постои ако ја прифатиме лагата дека е дијалект на бугарскиот јазик, ‘осамостоен’ со политички декрет“, пишува Героски, додавајќи дека Заев нема кредибилитет да разговара и да преговара за спорот со Бугарија. Колумната прочитајте ја ТУКА.