Гаџет што може да ви го спаси животот додека сте на летување

„Кинџи“ е всушност еден вид на елек за спасување, спакуван во нараквица малку поголема од рачен часовник.

Во нараквицата се наоѓа мала боца со јаглерод-диоксид, која се активира со допир и за помалку од минута пумпа мало воздушно перниче што го извлекува оној што се дави на површина. Може да остане напумпана подолго од 48 часа и е одлична при неочекувани ситуации како замор, грч или силни водени струи.

Портокаловата боја го прави Кинџи перничето лесно воочливо, а самата нараквица е опремена и со компас и со свирче, сé со цел спасителите побрзо и полесно да ги детектираат оние на кои им е потребна помош. Боцата со CO2 лесно се менува, што значи дека нараквицата можете да ја користите неограничен број пати.

kingii-a-wristband-emergency-flotation-device-3712[1]

Сето ова  овозможува многу поголема сигурност за луѓето што пливаат, сурфаат или возат чамци и скутери, но и за родителите кои за момент ги испуштиле децата од вид. Најдоброто од сé е што нема причина зошто некој не би ја носел (како што е случај со елеците за спасување, мускулите, гумите за пливање), одвај е забележлива и не ви пречи во активностите.

Секоја година, во светот се дават околу 327.000 луѓе, а Кинџи е дизајнирана со цел да го намали тој број. Набројаните причини сугерираат дека замислата е на добар пат да успее.

- Реклама -