
Инцидентот се случил на самиот крај од мечот, на средината на теренот, кога голманот Овоно силно налетал на Де Мигуел со коленото во градите. По судирот, 30-годишниот фудбалер останал неподвижен, а медицинскиот персонал долго време му укажувал помош на теренот.
Потоа Де Мигуел бил префрлен со амбулантно возило, а медиумските извештаи наведуваат дека лекарите во возилото извршиле реанимација. Најновите информации укажуваат дека е свесен, иако претходно ја изгубил свеста во одделот за итни случаи на болницата.






