Ford Fiesta со електричен погон – идеален градски автомобил

Fоrd Fiesta е компактна, лесна за паркирање и динамична, идеална за урбана средина. Што ако на ова додадете и брза, крајно ефикасна, екомомична… атрибути што ги красат електромобилите, тогаш ефектот е на квадрат!

Електрична Fiesta ќе пристигнува со два електромотори, вградени во задните тркала на класичната изведва, а е дизајнирана е од германската компанија Schaeffler. Имплементирањето на електромоторите во тркалата овозможува интересна и посакувана заштеда на простор. Schaeffler го постигнува тоа преку својата технологија наречена E-Wheel Drive. Новата генерација на оваа технологија, претставена уште во 2010 година, овозможува вртежниот момент да се зголеми од 75%, до 700 Nm, со што се зголемува и моќта за една третина!

379_ford-e-fiesta-470-1

Изборот на градски автомобил не е случаен, бидејќи вградување во тркалата на електромоторите е соодветно решение за карактеристиките на малите возила за урбани средини. Секој мотор со своите 40kW придонесува за вкупната моќност од околу 110 КЅ. Но тоа не е сè. Електричниот мотор, сопирачките, системот за течно ладење и контрола се вклопуваат во 16-инчни тркала со вкупна тежина од само 53 килограми. Имајќи во предвид дека конвенционалното тркало заедно со соседните сопирачки вообичаено е 45 кг, ова е вистинско совршенство.

383_ford-e-fiesta-470-2

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -