Ford Fiesta е најдобро продаван мал автомобил во 2012 година во Европа

Ford Fiesta е најдобро продаван мал автомобил за 2012 година во Европа. Потрошувачите во просек минатата година ја купувале новата Ford Fiesta на секои две минути. 

Fiesta покрај признанието за најдобро продаван мал автомобил исто така е и најдобро продаваниот автомобил од Б-сегмент (субкомпактен) за првите девет месеци на 2012 година според најновите податоците за регистрација на нови возила на Polk.

Овој факт го прави овој мал автомобил најдобро продаваниот мал автомобил во Европа, според автомобилскиот провајдер за податоци- Jato Dynamics.

ford1

Ford минатата година продаде 953.174 автомобили во 30 европски пазари проследени од страна на Jato, вклучувајќи 306.405 Ford Fiesti.

„Fiesta имаше фантастична 2012 година, во Европа и ширум светот. Овој легендарен автомобил го дефинира она што клиентите го сакаат од еден мал автомобил – стил, квалитет, ефикасност и одлична технологијa”, изјави Roelant де Waard, потпретседател, на Ford Европа.

Прочитајте и:  Мисли на хартија, идеи на екранот: Револуцијата на Moleskine

ford2

Fiesta, денес е најпродаван мал автомобил во три од последните четири години во Европа.  Ford има продадено повеќе од 15 милиони Fiesti во светот, почнувајќи од производството во 1976 година.

Ford во моментов ја лансира новата Fiesta во Европа – која е редизајнирана внатре и надвор и нуди 1.0-литарски EcoBoost бензински мотор –кој е прогласен за „Интернационален Мотор на Годината” во 2012 година.

- Реклама -