Независниот дизајнер Адриано Раели го создаде виртуелниот наследник на моделот Ferrari LaFerrari.
Автомобилот го носи називот Ferrari F80, а авторот го опишува како Formula 1 болид прилагоден за секојдневна употреба. Дизајнот е инспириран од проектот NGAD, програма за развој за идните борбени авиони.
Раел истакнува дека неговиот супер автомобил би бил придвижуван од twin-turbo V8 мотор со максимална моќност од 900 КС, поддржан од KRES системот што се користи во F1, а кој располага со моќност до 300 КС. До 100 km/h возилото ќе забрзува за само 2 секунди, додека пак максималната брзина ќе надминува 500 km/h.
Ferrari F80 има две асиметрично поставени седишта, а масата на автомобилот е само 800 килограми. Раел вели дека овој виртуелен автомобил веќе има и потенцијален купувач. Станува збор за Ник Мејсон, тапанар на групата Pink Floyd и страстен колекционер на Ferrari автомобили.