Спортскиот Ferrari 340/375 MM Berlinetta, произведен во 1953 година, беше продаден на аукција за сума од 9.856.000 евра. Тоа е апсолутен рекорд за примерок од овој модел, се пофалија организаторите на аукцијата – компанијата RM Auctions.
Од овој модел беа произведени само три возила, кои земаа учество во легендарните спортски манифестации, меѓу кои 24 часа Ле Ман, 12-часовна трка во Пескара и во шампионатот Carrera Panamericana. Зад воланот на овие машини седнуваа шампионите од Формула 1 – Мајк Хоторн, Џузепе Фарина и Алберто Аскари.

Освен него на аукцијата беа продадени уште неколку доста скапи автомобили – Ferrari 400 Superamerica SWB Coupe Aerodinamico од 1962 година (2,184 милиони евра), Mercedes-Benz 300SL Roadster од 1962 (1,114 милиони евра), Ferrari 275 GTB од 1965 (1,120 милиони евра), а исто така и Lamborghini Miura P400 од 1967 (426.600 евра).
Апсолутниот рекорд за вредност на автомобил кој некогаш бил продаден на аукција, припаѓа на Ferrari 250 GTO. Во 2012 година една од 39-те произведени машини беше купена од американски колекционер за 35 милиони долари.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус