Франкфурт 2013: Фејслифтинг за Dacia Duster

Оваа година за салонот во Франкфурт Dacia пушта дотерана верзија на моделот Duster. Сосема нов за оваа прилика е 1,2-литарски бензински агрегат TCe со максимална моќ од 125 КЅ. Тој е во комбинација со 6-брзински мануелен менувач.

960_Dacia-Duster-470-1

Кај останатите мотори во палетата на моделот промени нема. Во неа ќе фигурираат бензинскиот 1.6 со максимална моќ од 105 КС, како и дизел со иста зафатнина, со две верзии, со 90 и со 110 „коњи“.

272_Dacia-Duster-470-2

Ревидиран е ентериерот, модернизирани се инструменталната табла и панелот на централната конзола, која добила правоаголна рамка. Освен тоа Duster е со нови седишта и повеќе решенија за ентериерот, а една од опциите предвидува и кожа.

488_Dacia-Duster-470-5

Листата на опции станува побогата и во него влегуваат мултимедијален систем со навигација, преден и заден парктроник, круз контрола, електронски ограничувач на брзината, стабилност, предни и странични воздушни перничиња, како и режим Eco Mode.

1

Надворешните промени вклучуваат нова предна маска, изменети преден браник и светла и друго.

2

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -