Француската компанија Peugeot ги откри првите детали околу модернизираната верзија на моделот 3008, чија премиера пред публиката ќе се одржи на автомобилскиот салон во Франкфурт.
Надворешните промени кај обновениот модел се изразени кај новата маска на ладилникот, обновените предни светла, а позади малку се изменети браниците. Новини има и кај боите, како и кај тркалата, кои се со големина помеѓу 16 и 18 инчи. Во внатрешноста модификациите се помали, а вклучуваат ажурирана централна конзола, нови тапацири и дополнителна опрема.
Палетата на погонски агрегати е претставена од 4 дизелски и 3 бензински мотори. Дизелите се 1.6 e-HDi FAP со 115 КЅ (Старт-стоп систем), 1.6 HDi FAP со 115 КЅ и 2.0 HDi FAP, кој е достапен во верзии со 150 КЅ и 163 КЅ. Бензинските ги вклучуваат 1.6 VTi со 120 КЅ и 1.6 THP со 155 КЅ или 163 КЅ.
Хибридна верзија 3008 HYbrid4 и во иднина ќе се потпира на погон кој комбинира 2,0-литарски HDi FAP мотор со погон на предните тркала и електромотор со моќност 34 КЅ, кој ги придвижува задните. Вкупниот моќ на хибридот е 200 КЅ, а просечната потрошувачка на гориво е само 3.4 l/100 km.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус