Exogear Plus, батерија со потенцијално неограничена енергија

Преносна батерија е корисна само додека можете да ја чувате наполнета. Сега Exogear создал нов компактен енергетски систем кој користи модуларни батерии.

Овој систем би можел да ви овозможи бесконечен извор на енергија, сè додека имате доволно резерви. Exovolt Plus чини 90 долари и основната единица содржи 5200 милиамперска батерија од литиумски полимер која обезбедува доволно енергија за полнење на iPad.

А ако мислите дека не можете да ја наполните батеријата пред да се потроши можете едноставно да ја поврзете со 50 доларска резерва која содржи дополнителни 5200 милиампери – но не го содржи USB портот за полнење.

Теоретски можете да споите неограничен број единици со по 5200 милиампери за да обезбедите неограничен извор на енергија, единственото ограничување ќе биде колку ќе можете физички да носите. [Exogear]

Прочитајте и:  Три хороскопски знаци кои премалку се грижат за своето здравје
- Реклама -