Новиот буџетски модел кој Renault ќе го покаже на 20 мај, ќе го носи името Kayou, објави индискиот сајт Motor Octane. Субкомпактното автомобилче со индекс XBA и базна цена 3.500 евра ќе се продава и под брендовите Dacia и Datsun.
Kayou ќе биде изграден на платформата CMF-A, која дебитираше со прототипот Datsun redi-GO CONCEPT, на салонот во Делхи минатата година. Сериската верзија ќе се опреми со 0.8-литарски трицилиндерски мотор со моќност меѓу 45 и 50 КЅ и пет-брзински мануелен менувач. Во подоцнежна фаза може да се појави роботизиран менувач со двојна спојка. Новиот супер евтин модел на Renault ќе се произведува во фабриките на Алијансата Renault-Nissan во Индија и Мароко, a имеto на верзијата со амблемот на Dacia е Citadine (државјанка).