Европско деби за Audi A3 Sedan на салонот во Барселона

На салонот во Барселона следната недела ќе се одржи европската премиера на Audi A3 Sedan. Ауди А3 со четири врати блесна неодамна на салонот во Шангај, а еве за кратко време има и свое европско деби.

На Стариот континент ќе се нуди Audi A3 Sedan со три четирицилиндерски мотори, сите преработени, со повеќе динамика и економичност. Дизелскиот 2.0 TDI располага со моќност од 150 КЅ и вртежен момент од 320 Nm. Со овој мотор германскиот автомобил забрзува од место до 100 km/h за 8,7 секунди и развива максимална брзина 220 km/h. Просечната потрошувачка е 4,1 l/100 km. Вториот е 1,4 TFSI со 140 КЅ и 250 Nm. По потреба тој деактивира два од цилиндрите. Потрошувачката е само 4,7 l/100 km. Забрзувањето е за 8,4 секунди. Третиот агрегат 1.8 TFSI се потпира на 180 коњи и 250 Nm. Забрзува за 7,3 секунди, а просечната потрошувачка е 5,6 l/100 km. Менувачот се 6-брзински мануелен или автоматски S tronic.

Прочитајте и:  Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи

484_A3_Sedan_470-1

Седанот е долг 4,46 метри, со меѓуоскино растојание од 2,64 метри. Поширок е од хечбекот за 11 mm и има багажен простор од 425 литри. Внатрешноста на седанот A3 не се разликува значително од оној на хечбекот. Има нов модуларен информациски систем кој има навигација, 64 GB хард диск, DVD, гласовна контрола и 7-инчен екран со висока резолуција.

До почетокот на есента ќе има и набилдана верзија- S3, екипирана со 2.0 TFSI мотор со моќност од 300 КЅ и вртежен момент 380 Nm. Со него ќе до стотка оваа верзија ќе крева за 4,9 сек.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -