ЕУ за посетата на Вулин на Москва: Одржувањето врски со Русија за време на агресијата на Украина не е компатибилно со вредностите на Унијата

Европската унија и порача на Србија дека одржувањето врски со Русија за време на агресијата врз Украина не е компатибилно со вредностите на Унијата и со пристапниот процес, јави дописникот на МИА од Белград.

Реакцијата на Брисел уследи по средбата на српскиот вицепремиер Александар Вулин со претставници на Кремљ за време на тридневната посета на Москва и наводите за разузнавачка соработка со Русија.

-Европската унија беше кристално чиста со нашите партнери: односите со Русија не можат да бидат нормални по неиспровоцираната и неоправдана агресорска војна на Русија против Украина, се нагласува од ЕУ во одговорот за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Од Брисел велат и дека ЕУ сака да може да смета на сите земји кандидати како доверливи европски партнери во заедничките принципи, вредности, безбедноста и просперитетот.

Прочитајте и:  Непотизам во ЕП: Мецола го именува својот зет за шеф на кабинет

Вулин пред два дена му се заблагодари на секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, што го предупредил раководството на Србија за „подготовка на масовни немири и обид за државен удар“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 9 август изјави дека „преку официјални канали од Русија добил информација за она за што претходно пишуваа медиумите – дека во Србија се подготвуваат масовни немири со цел на државен удар“.

Вучиќ ова го изјави во пресрет на протестот во недела против ископувањето литиум во Белград, откако тие беа одржани во други места во Србија во текот на изминатите недели.

Владата на Србија и Безбедносно-информативната агенција (БИА) не одговорија на прашањата на РСЕ за тоа какви информации се доставени до Белград од руските служби.

- Реклама -