Покрај облеката која ја менува бојата според расположението на оној кој ја носи сега постои и архитектура сензитивна на емоции. Како дел на проектот Emotional Cities, петте највисоки згради во Стокхолм се колосални проектори на расположението на нивните жители. Во однос на тоа тие ја менуваат бојата која варира помеѓу депресивно темно виолетово до екстремно среќна жарко црвена.

Туристите кои летаат над Стокхолм ќе можат да го одредат расположението во градот дури и од авион, со еден поглед врз овие пет најголеми згради.
Како ова расположение влијае врз нив? Па со помош на интернет, се разбира. Жителите на Стокхолм можат да се логираат на emotionalcities.com каде се поздравени со прашањето "Како се чувствувате денес?" и да го откријат своето моментално расположение кликајќи на седумте кругови со сите бои од виножитото кои варираат од виолетово, индиго па се до сино, зелено и жолто како што расположението се движи до среќно црвено. Во зависност од тоа како се расположени мнозинството од нив таква ќе биде и бојата.
Се слушаат гласини дека во повеќе градови ќе има вакви слични објекти чувствителни на расположение, а прва на листата за вакви идни проекти е Јужна Кореја.