Едноставни начини да станете далеку попаметни

brain_pПравејќи
"ментални вежби" како решавање крстозбори, играње Sudoku или
туширање со затворени очи може да ве направи 40% попаметни во рок од
седум дена, се вели во едно истражување на BBC.

Правејќи "ментални вежби" како решавање крстозбори, играње Sudoku или туширање со затворени очи може да ве направи 40% попаметни во рок од седум дена, се вели во едно истражување на BBC. 

Ова тестирање наречено "Станете попаметни во рок од една недела" се базира на верувањето на научниците дека правејќи едноставни промени во нашиот животен стил може многу да придонесе за тоа како вашиот мозок функционира.

Тестирањето пронајде дека комбинација од техники фокусирани на здрава исхрана, физичка активност, спиење со музика и стимулирање на вашиот мозок со решавање на загатки и памтење на шопинг листи – навистина го подобрува мозокот, ја подига самодовербата и не прави подобри во донесување на одлуки. Тестирањето беше спроведено врз 15 волонтери, меѓутоа се очекувало кај волонтерите да се забележи 10 процентно подобрување. Откритието било шокантно кога се докажало дека некои од волонтерите имале до 40 проценти подобрена функција на мозокот. Еден од кандидатите имал 20 процентно намалување – докажувајќи дека алкохолот ја оштетува функцијата на мозокот.
Ова испитување покажа дека секој може да се биде попаметен, да се чувствува подобро и подобро да донесува одлуки со едноставна промена во некои од навиките. 

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Во продолжение следи распоредот на оригиналното тестирање "Станете попаметни во рок од една недела" според BBC. 

Понеделник
За вечера јадете сардина, а во текот на денот возете велосипед, пешачете или пак одете на работа со автобус

Вторник
Одберете непознати зборови од речникот и вметнете ги во разговор со некого

Среда
Одете на Јога или на часови по медитација и започнете разговор со непозната личност

Четврток
Одете на работа по друга маршрута, вечерта гледајте квиз

Петок
Избегнувајте кофеин и алкохол, запомнете ја шопинг листата

Сабота
Четкајте ги забите со "погрешната" рака и туширајте се со затворени очи

Недела
Решете еден крстозбор или играјте Sudoku (на нашиот сајт имате уште многу игри кои што бараат ментална активност) и прошетајте се некаде, но нека шетањето биде енергично.

Верувале или не, навистина функционира!

- Реклама -