ЕЦБ: Новите царини (на Трамп) би можеле предизвикаат маѓепсан круг на трговска војна

Новите царини можат да бидат штетни за глобалниот раст и да доведат до маѓепсан круг на трговска војна, изјави потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Луис де Гуиндос, откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД.

Трамп во своите предизборни говори најави дека ќе воведе основни царини од 20 отсто за американскиот увоз од сите земји кои се трговски партнери на Вашингтон и високи царини од 60 отсто за увоз од Кина, а многу економисти сметаат дека таквиот потег би бил крајно негативно за глобалната економија.

„Ако воведете царини, треба да имате на ум дека другата страна ќе реагира и ќе возврати, а тоа може да доведе до маѓепсан круг во однос на инфлацијата и царините, предупреди Де Гиндос на конференцијата во Лондон, додавајќи дека тоа ќе биде „ најлошиот можен исход“.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци
- Реклама -