E-Type доби наследник

ЈагуарБританскиот производител Јагуар потврдил дека наследникот на легендарниот E-Type ќе стане реалност. Спортскиот автомобил ќе го носи името “F-Type”. На автомобилскиот саем во Франкфурт во септември бил претставен прототипот за овој дизајн познат како C-X16 – 50 години по претставувањето на оригиналниот E-Type.

ЈагуарНа автомобилскиот саем во Њујорк Јагуар Ленд Ровер најавил: „Денес Јагуар потврдува дека ќе започне со производство на новиот спортски автомобил – F-TYPE.“ Спортскиот двосед ќе биде кабриолет со мек покрив кој ќе може да достигне брзина од 300 километри на час и ќе чини околу 50.000 фунти кога ќе биде пуштен во продажба во средината на следната година.
ЈагуарНа саемот во Њујорк Адриан Халмарк од Jaguar Cars изјавил: „Го демонстриравме C-X16 концептот во септември 2011, и реакцијата беше толку позитивна што го забрзавме развојот на нов спортски автомобил. Автомобилот ќе биде именуван F-TYPE и неговата конечна верзија ќе биде претставена подоцна годинава.“ F-TYPE ќе биде лансиран како кабриолет и строго како двосед кој ќе биде бескомпромисен возачки автомобил.“
ЈагуарНеколку бензински мотори ќе бидат достапни за да достават „неверојатни перформанси на спортски автомобил“. Инженерските прототипи ја напуштаат фабриката во Кесл Бромвич – истата фабрика во која ќе бидат составувани конечните верзии – и се упатуваат кон тестирање во вистинскиот свет. Јагуар Ленд Ровер сега е сопственост на индиската компанија Tata Motors кој го купи британскиот бренд од Форд за 1,5 милијарди фунти во јуни 2008 година – Форд го купи Јагуар во 1989 година и Ленд Ровер во 2000.
Јагуар

- Реклама -