ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ докажува дека сѐ уште водат едноетничка политика

„Охридскиот рамковен договор од неговото потпишување до денес, 20 години по ред ја отсликува реалната и фактичка состојба на државата и нејзините граѓани за соживот со сите етнички заедници во земјата.

Демократската унија за интеграција смета дека прославата на оваа 20-годишнина од Охридскиот договор како основа за функционирање на државата, треба да нѐ најде обединети, а не поделени, додека дневните политики на ВМРО за оваа 20-годишнина не треба да влијаат во поделба на граѓаните, туку напротив“, велат од ДУИ откако денеска ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека тие, ниту нивниот претседател Христијан Мицкоски, нема да присуствуваат на прославата на 20-годишнината.

Од ДУИ велат дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да заборави дека се дел од изготвувањето и потпишувањето на овој договор и нивниот потпис фигурира таму.

„Овој договор стави крај на конфликтот во 2001 година и бегството од одговорност и неучество во јубилејната манифестација е едноставно политичко лицемерие и со ова ВМРО-ДПМНЕ докажува дека тие се партија која уште работи во политиката со едно етничка линија.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски треба да бидат свесни и да не забораваат дека Северна Македонија е членка на НАТО и не треба да отстапува од европските политики за интеграција“, порачаа од Демократската унија за интеграција.

ДУИ испрати критики и до албанските опозициски партии, односно коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива:

„Што се однесува до албанските опозициски партии, тие како и обично не се редат таму каде што се прогресивните сили и нашите сојузници од САД и ЕУ, туку се редат позади ВМРО-ДПМНЕ и не заслужуваат посебно или одвоено внимание од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на владејачката ДУИ.

- Реклама -