ДУИ: Мицкоски да престане да се заканува, не може да исплаши народ кој секогаш е подготвен да се жртвува за правда и еднаквост

„Премиерот на нелегитимната влада денес повторно јавно се закани на политичката активност на политичките партии, злоупотребувајќи ги државните институции за да ги задуши политичките и етничките гласови на незадоволство, со цел ширење на страв преку инструментите на државата“, порачаа денеска од ДУИ откако премиерот Христијан Мицкоски ги обвини дека ги злоупотребуваат Албанците во врска со Законот за јазици и Уставниот суд со цел да привлечат внимание и за да останат политички релевантни.

„Овие техники на политички закани и прогон, користени во најмрачните периоди на комунизмот, нема да успеат.

Албанците низ вековите израснаа под вакви закани од полицијата и државниот апарат , чија цел беше потиснување на политичкиот активизам.

Прочитајте и:  Мицкоски - Лајчак: ЕУ да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси

Но, историјата докажала дека овие напори никогаш не успеале да ја спречат нашата волја за правда и еднаквост“, стои во реакцијата на ДУИ.

Тие тврдат дека сите аргументи укажуваат дека нивната загриженост за јазикот се реални и базирани на факти.

„Затоа и постои широка мобилизација, надвор од партиските линии, за да се спречат обидите кои ја загрозуваат иднината на државата“, додаваат интегративците истовремено упатувајќи апел до премиерот да „ ги прекине заканите и неговата разединувачка и провокативна реторика“.

„Не можете да исплашите никого, а најмалку народ кој отсекогаш бил подготвен да се жртвува за правда и еднаквост“, се додава во реакцијата.

- Реклама -