Дрим тимот ја прегази Велика Британија (видео)

Селекцијата на САД им одржа лекција на кошаркарите на Велика Британија, но истовремено им приреди и вистинско шоу на навивачите во преполната арена во Манчестер триумфирајќи со убедливи 118:78.

Речиси секоја акција на „тимот од соништата“ завршуваше со забивање, што е најдобар можен доказ за доминацијата на Леброн, Дурент, Ентони и останатите мегаѕвезди од САД, коишто немаа тешка задача да слават на својот прв контролен меч во Европа, пред дуелите со Шпанија и со Аргентина што во следните неколку дена ќе ги играат во Барселона.

„Овој меч ни дојде одлично за да се адаптираме на новата средина. Британците по дуелот ми кажаа дека никогаш досега не виделе таква експлозивност на теренот, што е нормално бидејќи сите наши кошаркари се навистина брзи. Задоволен сум од играта, од победата, но најмногу од фактот дека на навивачите им приредивме шоу што уште долго нема да го заборават“ истакна селекторот на САД, Мајк Крижевски.

Прочитајте и:  Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата

{youtube}UZeVAJQ9Izs{/youtube}

Дерон Вилијамс и Кармело Ентони со по 19 поени беа најпрецизни во својата селекција, пред Леброн Џејмс со 16 и Расел Вестбрук со 15 постигнати поени. Британскиот репрезентативец Луол Денг беше најефикасен поединец на натпреварот со 25 поени.

- Реклама -