Доколку го доите детето подолго време со природно мајчино млеко, тоа ќе биде помалку склоно кон дебелеење подоцна во животот.
Ваквите наоди на истражувачите од Американскиот центар за превенција и контрола на болести категорично докажуваат дека доењето е здраво и дека што повеќе го доите детето со здраво мајчино млеко, тоа понатаму во животот ќе биде многу поздраво и ќе има многу помали шанси да се најде во битка со вишокот килограми.
Научниците ги советуваат младите мајки да ги дојат децата во текот на првите 8 месеци од животот, но и до една година, бидејќи доењето може само да му помогне на детето, не и да му одмогне.
Објавено во соработка со За Здравје.